Робертина Мечевска: Го носев бројот два, затоа следната година би сакала да направам два кампа

Поранешната македонска репрезентативка и ракометарка на ЖРК Вардар, Робертина Мечевска, од 11 до 17 август организираше ракометен камп во својот роден град, Струга. Ракометната академија „Робертина Мечевска 2“ ја следеа деца од различни градови на Македонија кои беа поделени во неколку групи.
По шест дена ракомет и дружење, последната вечер на летниот камп во одморалиштето „Мајски цвет“ беше резервирана за забава на брод и крстарење по Охридското езеро.
Впечатоците за својата прва ракометната академија, идејата за организирација на ваков настан и своите идни планови, ни ги раскажа Мечевска на петтиот утринскиот тренинг:

Идејата за кампот се јави во периодот кога се одржаа трите кампа во Охрид на Лазаров, Леќиќ и Металург. Присуствував на нивните кампови речиси секој ден и потоа си реков дека би била добра идеја истото да го направам и јас. Мојот камп е четврти ова лето, тука во овој регион и мислам дека е последен за оваа година. Децата кои учествуваат на овој камп се сместени во детското одмаралиште „Мајски Цвет“ и условите за тренинг се прекрасни бидејќи имаме игралиште, фудбалски терен, сместување за децата и се надевам дека оваа академија ќе ја продолжи традицијата и дека во наредната година повторно ќе се дружиме во Струга. Слободното време го користиме за да отидеме на плажа, а исто така присуствувавме и на струшкиот ракометен турнир.

fin_struga_galerija-46-of-103

Шест денови игра, забава и дружење, проследени со ракометни тренинзи од тимот предводен од Робертина Мечевска се поттик за сите млади ракометни таленти, затоа таа веќе го најави создавањето на ракометна академија. Околу плановите за наредното лето, поранешната македонска репрезентативка вели:

Бидејќи кога настапував го носев број „2“ следната година би сакала да направам два кампа, едниот да биде на планина, другиот на езеро. Првиот камп би бил од 1-7 јули на планината Вртањ во Србија, а другиот да остане во август за време на струшкиот турнир. Секако деталите за ваквите кампови би биле познати неколку месеци однапред за да има време сè да се осмисли и родителите да испланираат на каков камп би сакале нивното дете да учествува.

Покрај ракометот и дружењето, утрото беше резервирано за јога тренинг покрај Охридското езеро, а кампот го збогатија и неколку ракометни гости. Искусната ракометарка веќе го најави следното дружење со ракометните таленти, а до тогаш погледнете дел од атмосферата на првиот ракометен камп „Робертина Мечевска 2“ во галеријата подолу.

[Best_Wordpress_Gallery id=”140″ gal_title=”mecevska”]