РК Охрид се засили со ракометари од Србија, Хрватска и Франција

Македонскиот суперлигаш, РК Охрид денес ги претстави новите засилувања во својот тим. Четворица ракометари од странство ќе го носат дресот на Охрид во новата сезона. Дарко Павловиќ, Јосип Кезиќ, Елдин Вражалица и Малик Хогас се новитe имиња во клубот. Павловиќ доаѓа од Србија и во својата кариера има настапувано за Филипос и Декеас (Грција), Уб, Башик, Металац, Лазаревац и Лесковац. Игра на позиција денес бек. Искусниот пикер Вражалица минатата сезона беше избран за најдобар пикер во грчкото првенство и се очекува да биде од големо значење за Охриѓани. Во родната Србија го носеше дресот на Златар, Прибој и Нови Пазар.Кезиќ доаѓа од екипата на РК Сплит (Хрватска) и игра на позиција лев и среден бек. Освен за Сплит има играно и за Метковиќ и Црквеница.

Охрид  доби и француски шарм со доаѓањето на десното крило Хогас.

Со овие засилувања Охриѓани го комплетираа тимот за новата натпреварувачка сезона.