РК Металург против втората екипа во Супер лигата

Ракометарите на РК Металург во „Автокоманда“ во рамките на четвртото коло од македонската Супер лига ќе се соочат со помладата екипа, Металург 2. За избраниците на Лино Червар овој натпревар ќе биде потежок тренинг пред дуелот со Скјерн во рамките на Лигата на шампионите, додека за младите ракометари на Металург 2 ова ќе биде шанса за докажување и стекнување искуство повеќе. На овој натпревар Металург ќе настапи без Јанко Божовиќ и Лука Мраковчиќ. Дуелот меѓу сестринските екипи Металург и Металург 2 ќе се одигра со почеток од 18 часот, а влезот е слободен за сите љубители.