РК Металург ги повикува своите навивачи во Борис Трајковски за победа над Ла Риоха(ВИДЕО)

Ракометниот клуб Металург ги повикува сите свои навивачи и симпатизери да ја исполната арената “Борис Трајковски” и да им помогнат на ракометарите на Металург да дојдат до победата на дуелот со шпанска Натурхаус Ла Риоха. Иако во ослабен состав Металурзите се надеваат дека со помош на своите верни фанови ќе ја остварат оваа значајна победа. Натпреварот се игра во сабота од 19:00 часот во арената “Борис Трајковски”.