РК Замет го изненади Кретеј од Франција во ЕХФ Купот

Хрватскиот суперлигаш, РК Замет, на гостувањето во Франција кај Кретеј одигра многу важен натпревар и забележа победа од 29:32 во рамките на првото коло од ЕХФ Купот. На полувреме резултатот беше 15:15, а во вториот дел избраниците на Марин Мишковиќ беа подобар противник.  Најефикасен во составот на Замет беше Марин Крузиќ со осум погодоци, додека во поразениот табор се истакна Хуго Дешкат со седум погодоци.

Реванш натпреварот се игра во Ријека на 10.09.2016 со почеток од 20:30.

Денес продолжуваат натпреварите од ЕХФ Купот каде ќе настапат и 6 екипи од ех-ју, а претставник од Македонија ќе биде РК Прилеп.