РК Вардар поразен од Веспрем во последните секунди

Ракометарите на РК Вардар во преполниот СЦ ” Јане Сандански” лошо го почнаа натпреварот против унгарскиот тим Веспрем. Вардаровите бекови тешко го пронаоѓаа патот до голот на Веспрем . По низата грешки на Вардар натпреварот го отвори Момир Илиќ со погодок од контра напад. Тимур Дибиров го постигна првиот погодок за составот на Вардар но од тој момент избраниците на Раул Гонзалез беа тотално изгубени во нападот. При водство од 6-2 јасно беше дека треба нешто да се менува во вардаровиот табор. Се разбрани Арпад Штербик, профункционираа бековите додека одбраната беше на ниво. Сето тоа вроди со плод и ракометарите на Вардар израмнија на 8-8 . Првото полувреме заврши со резултат 11-13 за Веспрем.

Во вториот дел за пет минути и двата тимови постигнаа по два погодоци, но Веспрем беше тој кој ја одржуваше разликата од  два плус. Алекс Душебаев со погодок во 37 минута намали на 14-15.  Неизвесноста продолжи и во останатите минути од натпреварот кога македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов постигна погодок за минус еден 16-17. Преку контра напад Игор Карачиќ го израмни резултатот на 17-17, а неколку секунди подоцна Тимур Дибиров му го донесе првото водство на Вардар (18-17). Играта гол за гол продолжи па така по две реализирани акции на двете страни резултатот во текот на 45 минута гласеше 19 -19.  Со погодоците на Алем Тоскиќ и Игор Карачиќ ракометарите на Вардар го зголемија водството на два разлика 21-19 во 47 минута. Одличен  беше  Штербик кој имаше одлични интервенции во моментите кога се кршеше резултатот. Во последните десет минути составот на Веспрем успеа да го израмни резултатот на 21-21. Во последните осум минути Веспрем успеа да го врати водството во свои раце ( 21-22). Матјаж Брумен со погодок од линијата за седум метри повторно ја врати неизвесноста на натпреварот додека Игор Карачиќ успеа да го погоди празниот гол на Веспрем за нова радост на вардаровите навивачи ( 23-22). Во последните две минути од натпреварот Брумен промаши пенал за два позитива на Вардар додека на спротивната страна Чема успеа да го изедначи резултатот. На десет секунди до крајот Момир Илиќ со погодок од пенал ја донесе победата на Веспрем со резултат 23-24 во корист за унгарците.