РК Вардар ги стартува подготовките на крајот на јули

Екипата на Вардар своите подготовки за сезоната 2014/15 ќе ги започне на крајот на јули. На 31 јули екипата заминува на Крањска Гора (Словенија) каде ќе ја одработи првата фаза од подготовките и таму ќе се задржи до 10 август.

По враќањето од Словенија, Вардарци од 13 до 16 август ќе учествуваат на традиционалниот “Струшки ракометен турнир” и тоа ќе биде прва можност вардаровите фанови во живо да ги видат големите ракометни звезди кои овој преоден рок пристигнаа во “црвено-црниот” состав. По настапот во Струга, заминуваат на силниот “Кањижа куп” кој од 22 до 24 август ќе се одржи на едно прекрасно место на Српско-Унгарската граница.