Ристовски: Важно е да создадеме нова репрезентација што ќе оди по стариот пат!

Машката репрезентација на Македонија го имаше првиот собир во пресрет на квалификацискиот двомеч за Европското првенство догодина. Новиот селектор Данило Брестовац ги собра ракометарите за првпат, а голманот Борко Ристовски очекува да создадеме нова игра со новиот селектор.

„Почнуваме една нова ера со нов селектор, со нов стручен штаб и со нова репрезентација. Тоа ќе биде голем плус за Исланд барем на првиот натпревар, но тоа е така кога имате нов почеток и се надевате на нешто подобро. Очекуваме да одиграме два добри натпревари во кои ќе бараме победи, меѓутоа многу поважно е да одиграме квалитетно, кој селекторот ќе го бара од сите. Тоа е многу поважно отколку да изјавуваме дека ќе победиме еден или два натпревари, поважна е суштина од формата за мене и мислам дека тоа е патот по кој треба да одиме, да создаваме игра што е биде поразлична од претходно. Игра што ќе биде поразлична од она што сме го играле претходно и не носела кон некој успех, меѓутоа сите ние сме го гледале како релативен, бидејќи сите заедно очекуваме уште поголеми резултати. Колку е тоа реално во овој момент не знам, но ќе повторам дека поважно е да создадеме млада репрезентација што ќе продолжи по овој пат што ние го одиме и ќе ја носат оваа репрезентација во иднина. Ќе одиме да се надигруваме со Исланд, да не се лажеме тие се квалитетна репрезентација и тоа го покажаа на СП. Сепак се зависи од тоа како ние ќе одиграме“, вели Ристовски.

Првата средба со Исланд се игра во Рејкјавик в среда со почеток во 21:45 часот, додека реваншот е во Скопје в недела од 20:00 часот.