Ристовска и Крим на чекор до титулата во домашниот шампионат

Екипата на Крим каде настапува нашата репрезентативка Сара Ристовска стигна до нова победа во домашниот шампионат. Во рамките на првото коло од плеј-офот, тимот од Љубљана славеше против Крка со 35:28. И Сара Ристовска се врати на одличните игри бидејќи постигна пет гола.

Натпреварот го обележаа доминацијата на Крим, но и можнoста сите ракометарки да добијат минутажа. Од самиот старт се виде дека домаќинот од Љубљана е поквалитетен, па првиот дел го доби со 17:12. На речиси обезбедена победа тренерот на Крим се реши за мали ротации во составот кои поминаа успешно. Радува и враќањето на сега опоравената, Алја Корен.

Еипата на Крим веќе во следното коло може да ја осигура титулата во домашниот шампионат. На свој терен го дочекува второпласираниот Жалец и во случај на триумф ќе стигне до 24 титула во својата историја.