Ристовска го држи просекот од 12 гола по меч

Десното крило на Вардар, Сара Ристовска продолжува да доминира на Листата на стрелците. Со новите 12 погодоци постигнати вчера против Куманово таа само продолжи да ја зголемува предноста и да го одржува просекот од 12 погодоци по натпревар така што е сосема извесно дека тука Ристовска е во предност во однос на конкуренцијата.

Веќе има осум погодоци пред Камческа од таборот на прилепчанки, а другите ракометарки заостануваат, па сосема јасно е дека Ристовска е таа што ќе го има главниот збор и понатаму.