Ристова ќе ги собере вардарки на 7 август

Женскиот тим на Вардар на 7 август ќе ги стартува подготовките за новата сезона под водство на нов тренер. Станува збор за Драгана Ристова, која дојде на местото на Симе Симовски, кој пак го презема Куманово. На Ристова ќе и помага Билјана Црвенковски, која доби прекоманда во женскиот тим.

Првиот собир на вардарки ќе биде во СЦ „Јане Сандански“, а за Ристова ова ќе биде прв предизвик како тренер на сениорска екипа, иако сите ракометарки практично се младинки и кадетки.

Сепак тимот нема да биде комплетен од стартот поради настапот на женската кадетска репрезентација на ЕХФ шампионатот во Италија.