Ристевски и Попов испуштија победа над Бенфика

Aмбициозниот второлигаш Деспортиво о Мариенсеш, каде настапуваат двајцата македонски интернационалци, голманот Борче Ристевски и бекот Бобан Попов, ремизираше на домашен терен со вториот тим на Бенфика, 21:21.

Ристевски на теренот беше во поголем дел од мечот и забележа 11 интервенции, а бекот Попов постигна 3 голови во мрежата на гостинскиот тим. Иако домаќините имаа и напад за победа, сепак не погодија и мораа да се задоволат само со бод.