Рисовиќ потпиша за Рандерс

Репрезентативката на Србија и голманка на Раднички Крагуевац, Јована Рисовиќ, од идната сезона ќе настапува во Данска за Рандерс. Талентираната голманка од Крагуевац добила понуди и од други европски клубови, но се одлучила својата кариера да ја продолжи во најквалитетната лига во светот. Рисовиќ со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на СП во Белград, а истата година (2013) и златниот медал на медитеранските игри во Мерсин, Турција. Освен за Раднички Крагуевац има настапувано и за ЖРК Макс.
Управата на Рандерс за следната сезона потпиша и со ракометарката од ЦСМ Букурешт, Мариа Фискер.