Риниа пресилна за Куманово

На теренот во ОУ „7-ми март“ шанса за нови бодови во 11. коло од плеј-аутот во Првата лига бараа домаќинот Риниа и Куманово. Поуспешен од дуелот излезе составот на Риниа кој го совлада гостинот со 36:28.

Домашниот состав во првиот дел не успеваше да се одлепи но имаше постојано водство. Разликата се движеше од еден до три гола. Кумановци не се предаваа лесно но на полувреме имаа минус два 17:15. Вториот дел продолжи во ист ритам, Риниа го имаше водството и натпреварот во свои раце.

Некаде до средината на вторите 30 минути кумановци се одржуваа на разлика која им даваше надеж дека можат до пресврт. Сепак тоа не се случи, домаќинот се одалечи на поголема разлика и до крајот забележа победа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Марко Митревски со десет и Бојан Маркоски со девет погодоци. Во составот на Куманово, Новица Денковски постигна девет гола, а Андреј Миладиноски пет пати ја погоди мрежата на противникот.

РИНИА – КУМАНОВО  36:28 (17:15)

Риниа М: Мемед, Илоски, Маркоски 9, Маневски 1, Митревски 10, Сулејмани 5, Исмаили 6, Трајчевски, Мемеди, Стојчевски 5, Идризи, Енес.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 6 минути.

Куманово: Ристиќ, Денковски 9, Денески, Цветковски 4, Клекоски 1, Кузмановски, Цветковски 2, Стојмановски 3, Петрушевски 2, Миладиноски 5, Кузманоски 1, Димкоски, Цветковски 1, Ѓеоргиевски, Маркоски, Димитриески.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 8 минути.