Риниа и по 4 натпревари нема победа

Екипата на Риниа, која лани беше во игра до крајот на сезоната за пласман во баражот за Суперлигата, годинава и по 4 одиграни натпревари, се уште нема победа. Избраниците на Љуљзим Исмаили загубија и на гостувањето кај ослабениот Младост во Богданци со 40:33.

Во првиот дел домаќинот го контролираше резултатот, имаше и 5 голови предност, но на пауза се замина со 18:16. Сепак во вториот играта на гостите, кои имаа во ростерот само 10 ракометари, се распадна комплетно и на Младост не му беше тешко да го финишира мечот со победа од 40:33

Ниту 12 голови на Филип Анѓелковиќ од Риниа, не беа доволни за нешто повеќе од овој дуел. Кај Младост се истакнаа Јован Гетов со 10 голови, 8 постигна Горан Лисичков, додека 7 пати во листата на стрелците се запиша Мартин Ташков.