Риниа беше конкурентна, но бодовите останаа во Куманово

Ракометарите на Риниа никако да врзат две победи во серија во Првата Лига. По победата над Рудар во минатото коло на домашен терен, тимот од Чаир загуби полесно од очекувањата на гостувањето во Куманово со 33:28.

Домашните отворија со 4:1, Риниа направи пресврт за 4:5 и до 9:9 се играше гол за гол. Даниел Несторовски ја предводеше серија од 3 голови на Куманово и пак домаќините беа во предност, 12:9, а истата ја задржаа до крајот на полувремето, 14:11.

Во вториот дел Риниа намали на минус 2 во неколку наврати, но немаа сили гостите за да се вратат комплетно во мечот. По 23:21, домашните повторно зголемија на плус 4, па до крајот само рутински ја одработија задачата за конечни 33:28.

Најдобар поединец во домашната екипа беше Даниел Несторовски со 11 голови, а по 5 дадоа Новица Димковски и Бојан Клековски. Кај Риниа стандарден беше Филип Анѓелковиќ со 12 голови, додека 5 постигна Борјан Стојановски.

Фото: kumanovskimuabeti.com