Ривалство долго деценија и пол: Сите досегашни дуели меѓу Вардар и Барса (ФОТО)

Вардар и Барселона вторпат во својата историја ќе играат полуфинален меч на Ф4 турнирот во Келн, а овој пат тоа ќе се случи на 1 јуни. Ривсалството кое трае повеќе од деценија и пол со ова добива нова димензија и дефинитивно двата тима продолжуваат со надигрување.

Сезонава веќе одиграа два меча и тоа во период од седум дена, а на двата славеше Барселона. Каталонците имаат подобар меѓусебен биланс, но Вардар има подобар резултат кога се во прашање пресметките на Ф4.

Првиот меч беше одигран на 18 октомври во 2003 година во Барселона, а тогаш Вардар претрпе висок пораз од 19:41.

Првото реми беше одиграно во Скопје десет години подоцна кога средбата заврши со 29:29.

За првата победа Вардар чекаше до полуфиналето во Лигата на шампионите во 2017 година, додека вториот триумф беше лани во Скопје во групната фаза од ЛШ.

Сите резултати од претходните средби и најдобрите стрелци на истите можете да ги погледнете во продолжение.

ИСТОРИЈА НА ДУЕЛИТЕ МЕЃУ ВАРДАР И БАРСЕЛОНА

18.10.2003

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                41:19

Ромеро 7, Хернандез Касадо 6 – Алушовски 5, Јовиќ 4

16.11.2003

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                27:35

Стецјук 6, Атанасовски 5 – Жером Фернандез 6, Ромеро 6

09.10.2004

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 31:22

Наѓ 7, Ривера  5 – Марковски 10, Митровиќ 6

06.11.2004

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                12:26

Кајганиќ 5, Митрицки 3 – Ромеро 8, Наѓ 5

11.11.2009

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 28:35

Ѓорѓевиќ 9, Пешиќ 4 – Хансен 8, Гарсија Лоренцана 7

21.11.2009

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 35:28

Томас 8, Гарсија Лоренцана 6 – Пецаковски 6, Пешиќ 6

21.09.2013

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 29:29

Дибиров 8, Карачиќ 7 – Рутенка 8, Лазаров 4

30.11.2013

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                30:23

Лазаров 7, Карабатиќ 5 – Брумен 6, Дибиров 5

14.11.2015

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                31:30

Жалуз 12, Ентрериос 5 – Харбок 8, Брумен 4

22.11.2015

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                25:27

Харбок 5, Циндриќ 3 – Жалуз 8, Томас 7

03.06.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                26:25

Чупиќ 7, Душебаев 7 – Лазаров 6, Ривера 4

26.08.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                29:32

Циндриќ 7, Борозан 6 – Мем 6, Ентрериос 5

14.10.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                27:24

Борозан 6, Македа 5 – Ривера 8, Ентрериос 5

10.02.2018

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                29:28

Жалуз 6, Ентрериос 4 – Кристопанс 7, Циндриќ 5

11.11.2018

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                26:30

Дибиров 6, Кристопанс 5 – Мем 8, Фабрегас 4

17.11.2018

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                34:26

Мортенсен 9, Брито Дуарте 4 – Чупиќ 4, Дисингер 4