Ривалот на Вардар се пофали со засилувањето од Барселона

Првиот ривал на Вардар во Лигата на шампионите, екс првакот Монпелје, по Марин Шего, го промовираше и најновото засилување на екипата. Станува збор за бекот Жилберто Дуарте, кој по само една година помината во Барселона ја смени средината.

Португалецот вели дека слушал само убави работи за Монпелје.

„Доленец и Фабрегас ми кажаа многу убави работи за Монпелје, а тоа дефинитивно влијаеше на мојата одлука. Јасно е какво реноме има Монпелје во европскиот ракомет, пред две сезони оваа екипа стана европски првак, а моја желба е веќе сезонава повторно да играм на завршниот турнир во Келн“, изјави Дуарте.

Покрај Дуарте и Шего, во Монпелје дојдоа крилата Лене и Дескат. Првиот натпревар против Вардар во Франција ќе се игра во некој од термините од 11 до 15 септември.