Ривалот во бараж за СП загуби тесно: Чешка со минималец против Словенија

Викендов на програмата беа пријателските натпревари кои ги одиграа женските репрезентации. Фокусот беше на нашата репрезентација која успеа да ја совлада Црна Гора, но и на Словенките кои силите ги тестираа против Чешка и тесно беа поразени.

Противникот кој и стои на патот на Македонија кон Мундијалот во Јапонија немаше добар тест. Тие моментално се во Хрватска каде на пријателски турнир силите ги одмерија со Чешка. Без двете најдобри ракометарки во составот, Тамара Мавсар и Ана Грос, Словенија играше променливо.

Првото полувреме го загуби со 15:10, но покажа напредок во вториот дел и успеа да загуби со еден гол разлика 26:25. Опасноста дојде од Нина Зулиќ која погоди десет пати.

Останатите дуели донесоа очекувани резултати.

РЕЗУЛТАТИ:

Белорусија – Украина 36:29 (23:16)
Македонија – Црна Гора 21:17 (9:9)
Финска – Романија Б 16:33 (9:15)
Србија – Швајцарија 31:21 (10:12)
Полска Б – Шпанија Б 22:27 (10:15)
Шведска – Русија 28:26 (13:11)
Германија – Холандија 29:28 (19:12)
Шпанија – Бразил 28:25 (13:15)
Словенија – Чешка 26:25 (10:15)
Полска – Словачка 29:23 (15:12)
Хрватска – Австрија 21:22 (10:12)
Исланд – Аргентина 31:26 (18:12).