Ривалот во баражот за СП со втор пораз: Словенија загуби и од Хрватска

Репрезентациите во женски категории одново се најдоа на радарот на ракометните вљубеници. Во термините кога има пауза од клупски предизвици, селекциите ја имаат приликата да си ги тестираат силите за претстојните нивни возбудувања.

Најважен натпревар беше оној помеѓу Хрватска и Словенија. Противникот на Македонија во квалификацискиот двомеч за влез на Светското првенство, имаше шанса силите да ги проверува против секогаш добрите Хрватки. Тестот не заврши успешно за избраничките на Урош Брегар.

По ова, Словенија репрезентативниот пријателски циклус го заврши со два порази и едно реми. Покрај овој дуел, интересни средби имаше на Златната лига каде најдобрите ги вкрстија силите. Данска ја победи Романија со 36:23, додека домаќинот Франција загуби од Норвешка со 24:22.

РЕЗУЛТАТИ:

Данска – Романија 36:23 (15:13)

Франција – Норвешка 22:24 (12:11)

Шпанија Б – Финска 29:19 (15:10)

Полска Б – Романија Б 25:26 (13:13)

Австрија – Чешка 25:28 (12:16)

Унгарија – Јапонија 33:21 (12:8)

Хрватска Словеија 28:27 (17:14)

Полска – Аргентина 26:23 (12:9)

Словачка – Исланд 28:30 (17:14)