Речиси сигурно Целје и Горење во регионалното натпреварување

Следната сезона ќе биде побогата за два нови клубови од регионот. За прв пат кон СЕХА би требало да се приклучат словенечката федерација, а нивни претставници ќе бидат Целје и Горење. Квалитетот на СЕХА значително ќе се зголеми, а со тоа ќе порасне и квалитетот и популарноста на регионалното натпреварување. Претседателот Михајловски го изрази своето задоволство од постигнатиот договор со двете екипи кои официјална потврда треба да добијат на редовното собрание на словенечката федерација.

Со задоволство можам да ви кажам дека од идната година 95% ќе настапат и двете најсилни екипи од Словенија. Управниот одбор на словенечката федерација им даде зелено светло, одлуката на овие два клуба треба да ја помине правната процедура и се тоа да се потврди на собранието на ракометната федерација на Словенија.

-истакна Михајловски на денешната завршна прес конференција.