Репрезентацијата се собира на „Хепи Куп“ во Хрватска

Македонската машка ракометна репрезентација од 6 до 8 ноември ќе настапи на „Хепи куп“ во Хрватска. Ова ќе биде прва проверка на црвено-жолтите пред настапот на ЕП во Полска во јануари, а селекторот Обрван ќе може да тестира против репрезентациите на Црна Гора и домаќинот Хрватска.

Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на 6 ноември против Хрватска, а наредниот ден четата на Обрван ќе ги одмери силите со Црна Гора.
Ова се натпревари во кои селекторот ќе има можност да се увери во моменталната форма на репрезентативците, како и да се вооиграат некои тактички комбинации кои ќе бидат и повеќе од потребни во Полска.

Официјалниот почеток на подготовките за ЕП се очекува да стартува во декември. Европскиот шампионат својот старт ќе го има на 15 јануари, а црвено-жолтите ќе ги одмерат силите со домаќинот Полска, актуелниот Европски првак Франција и репрезентацијата на Србија.