Репрезентацијата на Спортска академија ќе игра на турнирот од ВРХЛ

Од 13 до 15 септември во Подгорица ќе се одржи првиот турнир од регионалната женска лига, на кој ќе настапат екипите на домаќинот, Будуќност, како и Вардар и Крим. По откажувањето на Подравка ќе играат само овие три екипи.

Новината од оваа сезона е тоа што покрај сениорските екипи, ќе играат и младинските. Но на првиот турнир во главниот град на Црна Гора, наместо младинската екипа на Вардар, ќе патува репрезентацијата на Спортската академија со  17 ракометарки кои се дел од кадетска и од младинска селекција на Македонија.

Вардар е победник на ланската сезона во ВРХЛ лигата по триумфот во Скопје. Дуелите на младинските екипи ќе се играат пред дуелите на сениорските тимови.

Распоред за првиот турнир

13 септември 2017
19 часот: Будуќност – Вардар

14 септември 2017
19 часот: Крим – Вардар