Репрезентативка на Македонија, најдобар пивот во Грција (ФОТО)

Ракометарката која е дел од сениорската репрезентација на Македонија, а настапува во редовите на ПАОК, Марија Николиќ доби најмногу гласови во изборот за најдобар пивот во првенството на Грција.

Николиќ беше во потесна конкуренција при гласањето, а после собирањето на гласовите се најде на првата позиција со што доби убаво признание пред почетокот на сезоната.

Ова беше избор за игрите покажани во минатата сезона во најсилната лига на Грција, а ова секако ќе биде мотив плус за Николиќ за уште подобри партии во новиот шампионат.