Го купи Веспрем и веднаш го прати во Целје

И покрај неколкуте досегашни засилувања, Целје не застанува. Најновиот играч кој ќе го засили словенечкиот шампион е играчот од Египет, Омар Јахиа.

Леворакиот египетски репрезентативец е пред преселба во Целје. Тој би требало да го пополни местото на десната бековска позиција која ќе биде ослабена по заминувањето на Бранко Вујовиќ од тимот.

Јахиа во овој момент настапува во домашното првенство за екипата на Замалек, а беше забележан од унгарскиот великан Веспрем на Светското првенство во Германија и Данска. Тој на девет натпревари постигна 30 гола и даде голем придонес во изнанадувачкиот пласман на Египет на осмото место на првенството.

Веспрем го купи, но со оглед на силната конкуренција, сака да го прати на калење во Целје, каде би добил поголема минутажа.

Јасно е дека Целје нема да застане тука со засилувањата, во наредниот период се очекуваат уште нови ракометари. До сега сигурно тимот од Словенија, по крајот на сезоната ќе го напуштат Вујовиќ, Акамбре, Аниќ, Јуречиќ и Беќири.