Репрезентативецот во форма: Борко Ристовски со топ 5 одбрана (ВИДЕО)

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски си најде свое место во изборот на најдобри одбрани после 1. коло од Лигата на шампионите. Тој е во друштво на уште четири голмани кои блескаа на стартот од сезоната, па сосема заслужено е меѓу голманите со најдобри интервенции.

Ова е добар знак и за Барселона и за репрезентацијата на Македонија бидејќи од формата на Борко може да зависат многу работи и на Европското првенство во Хрватска.