Ренато Вугринец: Сите посакуваме да го освоиме овој реномиран турнир

Пред вечерашниот финален натпревар, десниот бек на македонскиот шампион Металург, Ренато Вугринец во изјава за 24ракомет:

Трет натпревар на турнирот, финале со Вардар сите знаеме какви се тие натпревари. Меѓутоа морам да кажам дека ова е подготвителен период, така да секако ќе испробаме некои варијанти. Секако дека сите ние посакуваме да го освоиме овој реномиран турнир. Многу тешки тренинзи се позади нас, нашата форма не е оптимална затоа што се темпира за подоцна, ќе видиме ќе се бориме па кој биде подобар тој ќе победи.