Ремонт на Вардар Јуниор пред почетокот на новата сезона

Во новата сезона суперлигашот Вардар Јуниор ќе влезе со нов тренер. Стојан Петрушевски ќе биде наследникот на Пепи Манасков, кој пак ќе има нова улога во кадетскиот состав на „црвено-црните“.
Амбициозниот состав на Вардар Јуниор ја заврши сезоната на осмата позиција во македонскиот шампионат па затоа челните луѓе на клубот најавуваат комплетен ремонт. Неколку ракометари од стариот состав ќе останат, а меѓу нив се најдоа имињата на Недановски, Мартин Манасков, Ивановски, Поповски, Ристов, Ѓеоргиевски, Вујачиќ и Симиќ. Екипата од август ја превзема Стојан Петрушевски кој ќе донесе дел од ракометарите на Вардар 2, клубот во кој ја заврши сезоната како тренер. 
Составот на Вардар 2 се натпреварува во првата македонска лига, а од наредната сезона ќе го предводи Зоран Петковски, кој на таа позиција пристигнува од кадетскиот состав на Вардар Јуниор.