Реми на Франција против Унгарија, Сираба Дембеле во одлична форма

Пред стартот на Европското ракометно првенство, селекциите кои што ќе учествуваат полека го фаќаат ритамот. Македонија нема да учествува, но затоа ЖРК Вардар ќе има свои претставници. Сираба Дембеле продолжува во одлична форма и се наметнува како лидер во репрезентацијата.
Селекцијата на Франција во Ѓер ремизираше против Унгарија 22:22 (10:13). Во унгарската селекција најефикасни со по четири погодоци беа ракометарките на ФТЦ Будимпешта, Зита Сузански и Сузана Томори, по три погодоци постигнаа Кристина Тришчук и Анико Ковачиќ. Во составот на Франција најефикасна беше Сираба Дембеле со пет погодоци, екс ракометарката на македонскиот шампион, Алисон Пино постигна еден погодок. Амандин Лејно натпреварот го следеше од трибините.