Реми на Митјиланд и Ѓер во дербито на групата Ц

Во дерби натпреварот во групата Ц, Митјиланд успеа да остане непоразен на домашен терен во натпреварот против унгарски Ѓер.

Составот на Амброш Мартин го отвори натпреварот со погодокот на Томори, а Јенсен и Волер брзо возвратија на спротивната страна. Изедначена борба следуваше во текот на цело прво полувреме за домашниот состав да отиде на пауза со два погодока позитива 12-10.

Данскиот првак и во второто полувреме успеа да направи мини серија за највисоко водство од 5 погодоци 18-13. Минутата пауза на Амброш Мартин значеше и целосно враќање на Ѓер во натпреварот. Промената на одбраната резултираше со серија од 7 погодоци во полза на Ѓер, со што унгарскиот вицешампион беше на чекор до победа, но погодокот кој го постигна Јоргенсен на 6 секунди пред звукот на сирената го доведе резултатот во егал, за конечни 22-22.

Горбиц и Аморим со по 5 погодоци беа најефикасни во составот на Ѓер, додека исто број на погодоци на спротивната страна постигна Јоргенсен.

Со нерешениот резултат, Ѓер заврши на првата позиција во групата Ц со 8 погодоци, оставајќи го позади себе Вардар на втората позиција со 8 бодови.  Митјиланд е на 3то место со 7 бодови, а Хипо ја заврши групната фаза без бодови.