Реми на Кобленц против Бломберг

Екипата на Кобленц во која настапуваат три ракометарки од Македонија, Ивана Саздовски, Зорица Десподовска и Матилда Атанасоска одигра нерешено на гостувањето против Бломберг. Натпреварот заврши 25:25 ( 12:9), а од Македонките само Ивана Саздовски се запиша во листата на стрелци постигнувајќи еден погодок. Најефикасна на натпреварот беше Шмитц со девет погодоци додека во Кобленц се истакна Волебрегт со седум погодоци.

Кобленц моментално се наоѓа на 12 место од вкупно 14 екипи во женската Бундес лига.

Фото: vulkanladies.com