Реми на втората контрола: Сениорките одиграа нерешено со Турција Б

После поразот на првиот меч од првата селекција на Турција денеска сениорската репрезентација на Македонија одигра нерешено против вториот тим на Турчинките. Резултатот од 30:30 дојде после неизвесен дуел во кој постојано беше гол за гол.

На одмор Македонија замина со предност од еден погодок. Водеше со 15:14, но домаќинот успеваше да парира и да израмнува.

До крајот на натпреварот немаше поголема предност така што ремито дојде после натпревар во кој имаше голема резултатска тензија.

Утре од 18 часот Македонија треба да го одигра последниот меч, а противник е Италија.