Ремек делото на Радичевиќ и Цвијиќ – број 1 во ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар со максимални шест победи во шест натпревари ја завршија групната фаза во Лигата на шампионите и според очекувањата пренесуваат максимален број бодови во главната рунда од дуелите со ФТЦ и Турингер.

На последниот натпревар со германскиот вицепрвак, избраничките на Ирина Дибирова демонстрираа одлична игра и мечот изобилуваше со атрактивни потези. Еден од нив, цепелинот меѓу Радичевиќ и Цвијиќ се најде на првото место во ТОП 5 изборот на најдобри голови на медиа тимот на ЕХФ. Погледнете го ремек делото ТУКА.