Рекорд во Полска: Голман со 15 години застана меѓу стативите на Киелце

Тренерот на Виве Киелце, Талант Душебаев внесе во игра голман кој нема полни 16 години. Младиот Милош Валах е роден на 23 ноември во 2001 година, па со 15 години и нешто повеќе од девет месеци тој стана најмладиот играч кој се нашол на терен во првенството на Полска.

Валах влезе како замена за Филип Ивиќ на дуелот против Заглебие Лублин на кој Киелце славеше со 32:24.