Рекордна серија: Вардар стигна до 13. победа по ред во СЕХА

Победничката серија на Вардар во СЕХА-лигата вчера продолжи со натпреварот против Динамо од Панчево. На оваа средба екипата на Вардар дојде до триумф од 42:32, а тоа беше седми меч сезонава на кој „црвено-црните“ успеваат да стигнат до победа во Регионалната лига.

Сепак, серијата на Вардар не е само од оваа сезона. Актуелниот првак во СЕХА вчера ја забележа вкупно 13. победа по ред во регионалното натпреварување со што ја има најдолгата победничка серија и ова е бројка која засега фигурира како рекорд.

„Динамо одигра добра средба, а ние се соочивме со проблеми. Сепак, имавме контрола на резултатот. Во првиот дел имавме одредени потешкотии. Не одигравме најдобро. Второто полувреме беше далеку подобро. Бевме подобри во одбраната, а нашиот противник делуваше заморено, па го искористивме тоа. Според тоа како се одвиваа работите мислам дека реално на крајот требаше да биде три или четири гола разлика“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез после рекордната победа во серија во СЕХА.