Рекордна вечер: Голманката Кицеска одбрани дури осум пенали

Голманката на Вардар јуниор, Слободанка Кицеска од вечерва го има рекордот на одбранети пенали во Супер женската лига. Таа успеа да запре дури осум од 15-те удари од седум метри на ракометарките на Металург.

Ова беше меч со рекорден број на пенали бидејќи беа досудени дури 22, а од нив 15 беа за гостинките. Кицеска успешно запре два удари на Гајиќ и на Тасевска, како и по еден на Смајлоска, Алексоска, Граматова и Калајџиеска.

Со одбранетите осум пенали, Кицеска беше јунак на средбата така што беше и клучниот играч во победата на Вардар јуниор.

Фото: фејсбук