Резултати од 13.коло од Супер лигата во машка конкуренција

Во 13.коло од машката Супер лига немаше изненадување. Улогата на фаворити ја оправдаа водечките екипи, а од друга страна екипата на Текстилец ќе презими на табелата на последното место. Прилеп, Радовиш, Зомимак, Тинекс Пролет и Пелистер ги запишаа новите бодови на своето конто. Зомимак и понатаму останува неприкосновен во Супер лигата. 

Резултати

РК Преспа – РК Прилеп 25:32 (9:16)
Тинекс Пролет – Металург 2 25:23 (12:8)

Текстилец – РК Пелистер 20:30 (9:14)

Радовиш – Охрид 36:31 (19:14)

Радовиш беше домаќин на РК Охрид и забележа нова победа со конечен резултат 36-30. Во текот на целиот натпревар ракометарите на Радовиш имаа контрола врз резултатот и играта, не дозволувајки никакво изненадување.
Пред околу 1000 љубители на ракометот во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, РК Радовиш со убедлива игра дојде до заслужена победа која е мотив повеќе на патот до пласман во следната фаза од натпреварувањето, во плејоф. Најпрецизни во редовите на РК Радовиш беа Ивица Илиев со 13 погодоци и Бобан Блажевски кој постигна 8. Додека кај гостите најефикасен беше Соколов Борче со 7 погодци.
Во 14-то коло од Супер лигата РК Радовиш гостува на РК Работнички.

Зомимак М – РК Работнички 36:30 (17:14)

Ракометарите на Зомимак-М стигнаа до нова победа и ја продолжија успешната серија во Супер лигата. Работнички беше противникот кој им ја овозможи тринаесеттата победа по ред на струмичките „Рисови“. Екипата на Работнички во првото полувреме одигра егал со домаќинот, а неизвесноста на натпреварот ја прекина серијата од 3-0 на домаќините за 3 гола предност по првите 30 минути, 17-14. Клучен беше почетокот на второто полувреме кога „рисовите“ достигнаа сигурна предност од 7 голови позитива која ја одржуваа до крајот на натпреварот. Најефикасен во домашниот табор беше Милосављевиќ кој постигна 12 голови, додека кај гостите Ѓуроски Дејан кој натпреварот го заврши со 9 погодоци.


Табела


1. Зомимак 39

2. РК Прилеп 29

3. Металург 2 24 (-1 меч)

4. Радовиш 21

5. РК Пелистер 20

6. Тинекс Пролет 18

7. РК Охрид 17

8. Работнички 13

9. Преспа 6

10. Текстилец 0 (-1меч)