РЕЗУЛТАТИ БУНДЕС РАКОМЕТНА ЛИГА

Оваа недела, се одиграа интересни натпревари во најсилната, БУНДЕС лига во Европа, која заедно со ЛШ на ракометните терени ни ги прикажува најдобрите светски играчи.

Во претходен одигран термин (12.11.2014), натпреварот помеѓу Лемго-Гепинген заврши 22-26 со победа на гостите кои со три врзани победи и пласман на третата позиција на табелата се најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството. Кај домашната екипа која е во лоша резултатска серија, по подолго време сите играчи му беа на располагање на тренерот Шмидт, но сепак и овој натпревар против квалитетниот противник беше изгубен.

Фленсбург-Гумерсбах 32-26, Европскиот шампион забележа сигурна победа против некогашниот великан Гумерсбах. Во првото полувреме 14-11, на крајот таа разлика се дуплира, но во изјавата по мечот тренерот на Фленсбург-Вранеш не беше најзадоволен од пристапот на неговите ракометари, односно како што изјави, биле малку комфорни во првите 30 минути.
Кил- Ерланген 23-22, очигледно дека тимот предводен од тренерот Гисласон, ги чуваше силите за натпреварот од ЛШ против ПСЖ, па така на овој меч, пред 10 285 свои фанови се случи вистинска ракометна драма. Ако во 57 минута беше 22-20, пред крајот гостите стигнаа до 22-22, за да победникот го реши одличниот Кањелас за конечни 23-22 за Кил.
Во саботата, Либек-Магдебург 29-25, дерби дуел на средината на табелата, натпревар помеѓу две стабилни екипи. Во Меркур арената, „црвено-црните“ со фокусиран пристап не дозволија изненадување. Дирк Беухлер по натпреварот истакна дека атмосферата во тимот е одлична (трета победа во последните 4 натпревари), а во работната недела напорно се подготвувале за овој натпревар. За гостите, ова е втор пораз во серија од гостувањата.
Вецлар-Бергишер 25-18, ‘Лавовите’ на ова гостување забележаа пораз. Од играта која ја пружија во Ритал арената пред околу 4000 гледачи едноставно не беше нивен ден. Кај домашните, Андреас Волф и Владан Липовина кој доби позитивни коментари по натпреварот, се покажаа во добро светло.
Мелсунген-РНЛ 28-31, На полувремето домаќините водеа 18-14, но сепак квалитетниот тим на Рајн Некар Ловен со одлична игра во одбраната (во второто полувреме прими само 10 голови) го доби натпреварот. Кај домаќините Алендорф постигна 9 погодоци, додека кај РНЛ, Екдал ду Риц (7) и Геншајмер (7, три од пенал).
Во неделните натпревари:
Гумерсбах-Балинген 31-25, Гумерсбах игра променливо, но засега е на средината на табелата благодарение на добрите игри на домашен терен. За гостинот ова е 4-ти пораз во низа.
Хамбург-Фуксе Берлин 33-25, поранешниот Европски првак прикажа квалитетно издание против ‘лисиците’ од Берлин. Напредуваа на табелата и моментно се на петта позиција, која ја превземаа од Фуксе Берлин, кој падна една позиција подолу. Првите пет места на табелата во Германија водат до европските купови.
Хановер-Минден 26-20, Минден ја продолжи серијата од 4 последователни порази, овојпат на гостувањето кај Хановер. Од друга страна, домашниот тим во последните 5 кола освои 8 бодови и игра се постабилно.

Фризенхајм-Битигхајм својот натпревар го играат денес на 19.11.2014. Воедно ова е дерби на дното на табелата.