Регионалната лига во женска конкуренција не ја дочека завршницата

Женската регионална лига по втор пат не ја дочека својата завршница. Претходната сезона лигата доживеа тотален хаос, почна амбициозно, на средината од првенството се откажуваа ракометните клубови па така завршница на турнирот немаше. Веќе помина и оваа сезона без завршница меѓу најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување. ЖРК Будуќност автоматски е шампион и оваа сезона. На второто место е пласирана втората екипа од Црна Гора, ЖРК Даниловград.

Македонската екипа ЖРК Металург заврши на последното место со само една победа.