Реваншот ќе биде само формалност, Малага пресилна за младиот Металург

Ракометарките на Металург уште по првиот натпревар во 3 коло на Челинџ Купот се елиминирани. Домаќинот, тимот на Фертилидад Ринкон Малага немаше милост кон македонскиот претставник и славеше со убедливи 31:14.

Металург се држеше до 15 минута кога домашните има плус 3, но во финишот на полувремето Малага се одлепи и на пауза се замина со 17:8. За десетина минути во вториот дел, тимот од Автокоманда даде само 1 гол, а прими 7 и веќе беше 24:9.

Шпанскиот тим имаше и плус 18 во неколку наврати, но сепак дуелот заврши со 17 голови разлика, 31:14. Најефикасна кај Металург беше Марија Гајиќ со 5 голови, додека по 2 дадоа Стефановска и Калајџиевска. Реваншот ќе биде само формалност, а се игра в недела со почеток во 12 часот.