Реакција од Вардар Неготино: Ако си од Скопје имаш слободен влез, ако си од Неготино ќе си платиш!

Ракометарите на Вардар Неготино славеа со 25-26 во дерби натпреварот од Првата лига против Јуниор во Кисела Вода и се зацврстија на врвот на табелата со 26 бодови. Иако домашните имаа и +5, сепак на крајот мораа да му честитаат на ривалот.

Сепак овој натпревар има и трето полувреме. Неготинци реагираат кон домашниот тим поради тоа што се наплаќале билети, но само за нивните навивачи. Реакцијата од Вардар Неготино која беше објавена на нивниот официјален Фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост, без никакви корекции.

„На вчерашниот натпревар помеѓу Р.К Металург Јуниор и Р.К Вардар Неготино луѓето односно гледачите беа делени на граѓани од прв и втор ред,поточно да објасниме на вратата беа прашувани гледачите од каде се,Неготино или од Скопје,доколку беа од Скопје беа препраќани на другата врата каде што влезот беше слободен,а доколку беа од Неготино влегуваа на првата врата каде што се наплаќаше влез од сто денари.Тоа што е најтрагично прашањата ги поставуваше Горан Станковиќ,еден од првите луѓе на клубот и тој лично ја правеше селекцијата за која врата припаѓате.Имаше луѓе од Неготино кои отидоа на другата врата односно кај влезот за Скопјани и таму кажуваа дека се од Кавадарци па успеаја да ја избегнат казната од сто денари што важеше само за Неготинци.Срамно.Понижувачки и незнам уште како да ја сватиме оваа порака.Изреагира поголем дел од публиката на раководството на Р.К Вардар Неготино.Стварно сме запрепастени од овој чин и незнаеме до каде може да оди човечката алност и понижување“, се вели во реакцијата.