Реакција на Хеле Томсен: Букурешт победи бидејќи судиите беа „подмитени“

Во второто коло од втората фаза од Лигата на шампионките екипата на ЦСМ Букурешт на свој терен ја пречека данската екипа Митјиланд. Натпреварот заврши со победа од 24:22 (10:12) за составот предводен од Ким Расмусен. Хеле Томсен имаше свое шоу и на натпреварите против Вардар, а овој пат хрватските судии успеаа целосно да ја извадат од такт искусната Данка.

hele 9

По завршувањето на натпреварот во кој Митјиланд во неколку наврати имаше водство, а доколку имаше други делители на правдата можеби и ќе победеше, Хеле Томсен нервозно го напушти теренот и одби да се поздрави со тренерот на Букурешт, Ким Расмусен и остатокот од стручниот штаб.

По натпреварот Томсен нагласи дека Букурешт победил благодарение на судиите кои биле ,,подмитени”.