Рајн Некар се пошегува со поразот од Вардар: Сторивме сè, но тие го имаа Бетмен! (Фото)

По завршување на натпреварот меѓу германскиот вице-првак Рајн Некар Ловен и скопски Вардар, публиката во малата „Харес“ арена остана вчудоневидена и разочарана. Дебаклот кој им го приредија нивните миленици со лошата реализација и воопшто лошата игра во текот на целот натпревар нема да се заборави лесно. Но бундеслигашот џентламенски го прифати поразот, а еден ден потоа и се пошегува на своја сметка.
На официјалниот клубски профил на социјалната мрежа „фејсбук“, тие објавија фотографија со наслов „Сторивме сè, но тие го имаа Бетмен!“, алудирајќи на еден од навивачите на македонскиот вице-шампион кој носеше костум на познатиот стрип јунак Бетмен.

ФОТО: AS Sportfoto / Sörli Binde