Рајн Некар победнички кај Магдебург

Филип Талески доби шанса за настап на гостувањето кај екипата на Магдебург, но не успеа да се запише меѓу стрелците. Тој имаше еден шут кон голот на домашните, но не го реализраше.

Сепак, од овој меч е најважно тоа што Рајн Некар успеа да се избори за бодовите и победи со 32:29. Тоа беа бодови коишто ги оставија ракометарите на германскиот првак на бод зад Фухзе Берлин, но со меч помалку.

Со оглед на тоа што Рајн Некар треба да одигра уште еден меч за да се израмни сосема извесно е дека ќе дојде до измена, па Талески и колегите остануваат во добра позиција да бидат лидери во Бундес лигата.