Рајн Некар немоќен во Брест

Тимот на Рајн Некар, каде игра македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, загуби на гостувањето во Белорусија, кај Брест Мешков со 30:28. Како и минатата сезона, така и оваа се чини дека германскиот првак игра многу послабо на гостувањата, отколку на домашен терен, што може да претставува сериозен проблем во натамошниот тек на Лигата на шампионите.

Гостите беа тие што го диктираа темпото на стартот, поведоа и со два гола разлика, но расположените домаќини, пред се Стојковиќ и Кристопанс донесоа израмнување, 6:6. Потоа белорускиот првак водеше и со два гола разлика, 10:8, сепак и тоа водство беше анулиранo, па повторно во 22 минута беше 11:11, и пак се почнуваше од нула. Серијата од 3:0, за 14:11, а потоа и уште една иста таква за 17:12, се чини беш клучна за понатамошниот тек на мечот.

Во вториот дел Рајн Некар, преку Ду Риц, стигна да намали на три разлика, но Стојковиќ повторно врати на безбеди 22:17 во 44 минута. Брест преку расположениот српски пикер стигна и до плус шест, 24:18, а играта на германскиот тим комплетно се распадна во овие моменти. Со ударите на Кристопанс од далечина беше и 25:10, па 26:20, а Пекелер со два гола во серија намали на 27:23.

Ако претходно Кристопанс погодуваше од десната страна, сега Џамали беше тој што стрелаше во серија во гостинскиот гол за 29:24. Во поглед на играта ништо важно не се смени до самиот финиш иако гостите намалија на конечни 30:28, сепак победникот беше познат многу порано. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Кристопанс со 7 голови, а Стојковиќ даде 6, додека во Рајн Некар се истакна Ким Екдал ду Риц со 10 голови, а Дејан Манасков остана со запирка зад своето име.

Тимот на Ла Риоха, кој е дел од групата на Металург, славеше над словачкиот првак Татран Прешов со 33:27.