Рајн Некар на Манасков победнички во Штудгарт

Во деветото коло од германската Бундес лига Рајн-Некар Левен гостуваше во Штудгарt и забележа нова победа со резултат 35-27.

Уште од самиот старт гостинската екипа направи солидна предност која во 15-та минута изнесуваше 10-5, но домашните ракометари намалија на само два погодоци разлика на крајот на првиот дел. „Лавовите од Манхајм“  повторно ја вратија сигурноста во свои раце и не дозволија изненадување во овој натпревар па така запишаа нова победа со резултат 35-27.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков немаше минутажа на оваа средба, но со оваа победа, неговата екипа Рајн Некар Левен запиша 14 поени на табелата со што има два бода помалку од моменталниот лидер Кил, но и натпревар помалку.

Во следното коло на домашен терен, Рајн Некар ќе ги одмери силите со Бершигер.