Рајн Некар Ловен рутински против Монпелје, Бомбач со гол шоу во Шведска

Вечерва стартуваше 8.коло на ЕХФ Велукс Лигата на шампионите во машка конкуренција, во кое фаворитите забележа нови победи. Двата натпревари беа од групата Б во која се натпреварува и македонскиот шампион Вардар.

РАЈН НЕКАР ЛОВЕН-МОНПЕЛЈЕ 25-21 (16-10)

Во првиот натпревар кој стартуваше со почеток во 18 часот и 45 минути, екипата на Рајн Некар Ловен беше поуспешна од францускиот вицепрвак Монпелје со резултат 25-21 (16-10).
Дуото Раинкинд-Грецки одлично го отвори натпреварот доведувајки го германскиот состав во водство од 6-2 по седум минути игра.Одличната игра на Рајн Некар Ловен продолжи и во остатокот од првиот дел кога момците на Николај Јаксобсен поведоа со највисоки +7, 15-8 во 26.минута. Монпелје до крајот на првиот дел успеа да намали само гол од највисоката разлика на домаќинот па на полувреме се замина со високи 16-10 за Рајн Некар Ловен.

grecki
Во продолжението германците стигнаа до највисоката позитива од 21-12, по што следуваше мал пад во нивната игра која Монпелје не успеа да ја казни. Составот на Патрис Канаје најмногу успеа да се доближи на негатива од -4, 22-18, а конечниот резултат гласеше 25-21, во корист на „лавовите“ од Манхајм.
Грецки со пет гола беше лидер во составот на Рајн Некар Ловен, а го следеа Ларсен и Баена со четири. Во екипата на Монпелје најпрецизен беше Доленец со пет, а Кавтичник постигна четири.
По оваа победа Рајн Некар Левен со 11 бодови се израмни со Барселона на врвот на табелата, но каталонците имаат натпревар помалку, неделното гостување во Скопје против македонскиот шампион Вардар.

КРИСТИЈАНШТАД-ПИК СЕГЕД 32-34 (19-16)

Во вториот натпревар од денешната програма, Пик Сегед и на гостински терен славеше над Кристијанштад со резултат 32-34 (19-16). Овој натпревар го одбележа дуелот на двата бомбардери Џамали (Кристијанштад) и Бомбач (Пик Сегед) кој му припадна на словенецот. Иако првото полувреме го добија швеѓаните цо 19-16, Пик Сегед благодарение на одличната партија на Деан Бомбач кој натпреварот го заврши со 13 погодоци успеа да стигне до цел плен на ова гостување.

bombac

По оваа победа екипата на Пик Сегед со 10 бодови се израмни со Вардар на втората позиција на табелата, но црвено-црните имаат натпревар помалку. Кристијанштад со четири бода се наоѓа на шестата позиција на табелата во групата Б.