Рајн Некар Левен го прегази Битигхајм

Екипата на Рајн Некар Левен каде настапува нашиот репрезентативец Филип Талески стигна до нов и лесен триумф во Бундес лигата. Тимот од Мајнхам за противник го имаше предпоследниот Битингхајм и го порази со убедливи 30:15.

Репрезентативецот на Македонија не постигна гол, а имаше два обиди, додека неговите колеги експресно го прегазија противникот. Немаше дилеми кој е фаворит и кој ќе ја однесе победата само беше прашање со колкава разлика ќе се случи истото.

На полувреме се замина со 16:8, за до крајот Битингхајм да остане целосно посрамотен. За Рајн Некар Левен е се поизвесно дека следната сезона ќе се натпреварува во Купот на ЕХФ, Пред Битингхајм е силна борба за опстанок кој се уште е реален.