Рајн Некар и Талески му покажаа на Хановер кој е шампион

Рајн Некар го продолжува силното темпо на играње на натпреварите во Лигата на шампионите и во Бундес Лигата. По триумфот над Висла Плоцк, следуваше голема победа над Кил, а сега во Манхајм загуби и сензацијата наречена Хановер.

„Лавовите“ триумфираа со 35:23, а мечот беше решен уште на стартот на првиот дел, кога домашните поведоа со 8:1, а на полувреме имаа 17:9 и вториот дел беше формалност. Талески доби шанса во вториот дел и даде 2 гола од 2 обиди, а најефикасни беа Ларсен со 8, како и Баена и Сигурдсон со по 6 голови.

Тимот на Ортега и Ромеро имаше 5 од 5 во Бундес Лигата, а ги победија Кил, Фленсбург, Ерланген, Вецлар и Магдебург, но загубија од слабиот Лајпциг, а сега и од Рајн Некар и тешко дека ќе може да ја идржат битката за шампионскиот трон што ја најавија на стартот на сезоната.