Рајн Некар и Талески го победија Рајн Некар

Рајн Некар со дуелот меѓу првиот и вториот тим го започна денот предиден за дружење со фановите. Само еден ден по завршувањето на Мундијалот во Алжир, капитенот Филип Талески замина за Германија на подготовките со Рајн Некар, а веќе следниот ден играше и на контролниот натпревар против Хедесхајм. „Лавовите“ славеа со убедливи 45:20, а Талески даде 2 гола.

На следниот пријателски дуел, меѓу првиот и вториот тим на Рајн Некар, македонскиот репрезентативен бек имаше своја минутажа и постигна 2 гола, а „лавовите“ од првата екипа беа подобри со 24 голови разлика, 52:28. По овој натпревар, ракометарите имаа дружба со фановите и потпишуваа дресови, делеа автограми, се сликаа…